Министерството за здравство ги соопшти причините поради кои бил разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија,
Д-р Данил Петровски.
Оттаму велат дека Петровски е разрешен поради несовесно работење во целиот изминат период.
„Иако имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, тој не постапил. Ангажираните оделе на работа без договор и без плата за нивниот труд. 18 семејства ги остави без плата! Во неговиот мандат, Клиниката беше поплавена и неосигурана, а ангажираните секојдневно трпеа закани и омаловажувања на национална основа.
Информираме дека поранениот медицински директор д-р Петровски не беше разрешен пред изборите за да не се поттикне нетрпение по национална основа“ стои во соопштението на министерството.