30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во Здравствените домови во државата, ќе одат „од врата до врата“, односно ќе ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица или лица заинтересирани за вакцинација.
Тимовите ќе ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, ќе делат промотивен материјал во согласност со медицината базирана на докази и во договор со родителите ќе закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.
Кампањата која #МЗ ја организира во соработка на #СЗО и #ЕУ ќе трае четири недели (до крај на месец Ноември) и се планира да бидат посетени над 3.000 семејства.
Во рамки на кампањата, постарите лица над 65 години ќе имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза, како и вакцина против сезонски грип, а дечињата да ги примат пропуштените дози од календарот за задолжителна имунизација.