441
Во текот на вчерашниот ден, во Клиниката за кардиологија бил нарушен јавниот ред и мир, откако две медицински сестри решиле физички да се пресметаат. Тоа се случило по претходно недоразбирање.
„На 27.12.2018 година во 08.20 часот било пријавено дека во Клиниката за кардиологија при комплекс клиники “Мајка Тереза“ поради претходно меѓусебно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М.Т.(47) и Д.Р.(41) и двете од Скопје, вработени како медицински сестри. По преземени мерки против лицата е поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.