Медицинските сестри на Клиниката за радиотерапија и онкологија ги отфрлија тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој минатиот четврток ги изнесе на прес-конференција.
Тие објавија целосен демант на обвинувањата на Мицкоски.
Демантот се однесува на изјавата: „Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантскиот дневник на медицинскиот персонал го запишува и остатокот на некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекови, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористени лекот од вијалата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
На оваа негова изјава следи нивниот демант: „Од административен аспект, односно водење евиденција, на сите одделнија и дневните болници, има и уредно, редовно и секојдневно евидентирање на сите работи во:
– Амбулантско-хоспитален дневник.
– Архива на требовања.
– Компјутерска проверка во секој момент е достапна, и се однесува на салдо во моментот.
– Опијатни тетратки.
– Тетратка на потрошени цитостатици (картици).
Погоренаведените евиденции што ги водиме, се достапни за проверка на наделжни органи. Со ова во целот ја демантираме таа изјава“ велат медицинските сестри.
На изјавата:„ Преку пример, треба да се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетеи македонски граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалсит, односно супцпецијалист, каде што во наодот вели дека барањето на пациентот за терапија ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение,”- рече Христијан Мицковски.
Сестрите демантираат со следнава изјава: „Сите лекови кои се требуваат од Аптека и има остаток од истите, се употребуваат за следни пациенти. Остатокот не се фрла, со цел заштеда на истите. Остатокот е уредно евидентиран во амбулантски дневник во Одделот за цитостатска терапија-Дневна болница.За тврдењето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, за давање лекови во тобичка, можеме да кажеме дека терпијата за пациентите е сериозна работа и се даваат лекови на пациенти надвор од клиниката, односно станува збор за редовна терапија во вид на таблети и ампули, со цел да се аплицираат во матичен медицински центар или со домашна посета, со уредно напишан извештај од лекар. Напоменуваме и појаснуваме дека станува збор за симптоматска терапија, која не е терапија на условен буџет од ФЗОРСМ, туку редовна терапија која се аплицира преку домашна посета или матичен лекар. Со истото финансиски се заштедува на трошокот на пациентот и секојдневно доаѓање на клиниката“.
Оттаму апелираат да престанат препукувањата на политичките партии преку клиниката, и да се остави клиниката да функционира нормално и без било какви притисоци, со цел, како што велат, да се заштити здравјето на пациентите, кои секој ден доаѓаат на клиниката и се лекуваат, како и вработените во истата.