571
Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со корона вирус, објави порталот Батали.нет. Таа имала и симптоми на пнеумонија, па веќе е хоспитализирана на инфективното одделение во болницата.
-Епидемиолози од Центарот за јавно здравје веќе беа во посета на детското одделение, разговараа и со инфицираната и со сите вработени од одделението и утврдија дека се почитувани сите протоколи, дека сите медицински лица, вклучувајќи ја и инфицираната медицинска сестра, цело време носеле заштитна опрема. Затоа е проценето дека нема потреба никој од останатите вработени или пациенти да оди во изолација, изјавил д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешка болница.