Почувствувајте го вкусот на Медитеранот во вашиот дом. Рецепт кој се приготвува брзо о лесно, а вкусот е неодолив. Прочитајте како да ги направите овие медитерански фусили.
Потребни состојки:
200 гр спирални тестенини (фусили)
50 гр кашкавал едамер Интерлат
50 гр шунка Пекабеско
50 гр кулен Пекабеско
2 лажици маслиново масло
1 млад кромид исечкан на тркалца
2 чешниња лук ситно исечкан
5 шери домати исечени на половина
10 маслинки каламата исечкани на тркалца
сол, бибер во зрна и рузмарин
магдонос за декорација
Начин на приготвување:
Тестенините ги вариме според упатството на кесичката.
Во меѓувреме на маслиново масло ги пропржуваме кромидот и лукот додека не омекнат.
Зачинуваме со сол, бибер во зрна и рузмарин. По 5 минути ги додаваме шери доматите исецкани на половинки и маслинките исецкани на тркалца. Пропржуваме уште неколку минути и потоа ги додаваме сварените фусили.
Мешаме убаво состојките да се соединат и динстаме уште 3-5 минути. Садот го тргаме од оган.
Медитеранските фусили ги послужуваме во стаклена чинија додавајќи ги на средина Пекабеско шунката и куленот кои се претходно исецкани на ситни парчиња.
Најодозгора го додаваме кашкавалот на коцки. Зачинуваме по вкус и декорираме со магдонос.
Пријатен медитерански ручек 🙂