Али Ахмети и сите ние рековме исто така изјавиме дека нема да биде никој кривично гонет, ниту за прислушкувањето кое ни е извршено ниту пак за објавувањето.
Но, ова не подразбира намерно искривување на вистината за политички потреби и за креирање на омилено јавно мислење.
Ова канцеларија пред нас Т.Ц Мавровкка е имот на ДУИ и тенденцијата за презентирање на напорите на Претседателот Ахмети за продажба на партискиот имот како кривично дело за корупција, носи сомнежи дека -“Вистината за Македонија”, не е во прислушкуваните разговори, туку во презентирањето и тенденциозните талкувања.
Овие документи кои ви ги презентирам денес покажуваат дека овој објект е во сопственост на Демократската Унија за Интеграција која за жал никогаш не беше ставена во служба на партијата затоа и решивме да го продадеме, па со средствата да обезбедиме мали канцеларии за ограноците на ДУИ.
Бизнисменот споменат во нелегалното прислушување како потенцијален купувач е Фатмир Моладаути.
Затоа денес тврдиме дека наводните злосторсва и вчерашните обвинувања постојат само во најавите на прислушкувањата а не во слушнатите разговори.
ДУИ останува на ставот да се објаватат сите евентуални материјали за наводна злоупотреба на власта, но бара да не се прави намерно погрешно толкување за да се доведе во заблуда јавноста.
Објавувањето на приватните разговори, личните внатрепартиски проценки како и евентуална клевета не и помогнаат на демократијата во Македонија и не се од јавен интерес, спротивно, “Вистината за Македонија” треба е спроведувањето на договорот од 2 јуни и ставање на националните интереси пред партиските.