414
Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, а сега дел од таканаречната „Огнена група“ денеска го осуди објавувањето на снимка на која Али Ахмети пее и потегот го нарече „злоупотреба на неговиот имиџ“.
Порача дека ДУИ мора да се ослободи од „узурпаторите, платениците и неспособните“.
-Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавувањето на истата снимка, за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Снимањето на Али Ахмет и зачувувањето на овие видеа за користење кога Ви одговара е погрешно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!, напиша Меџити.