Меџити за разрешениот Јовев: Стануваше збор за злоупотреба на работното време

by fokus

Министерот за здравство, Фатмир Меџити во вечерашното гостување на ТВ 24 го коментираше и разрешувањето на раководителот на Кардохирургија, професор др. Сашко Јовев.

-Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксус за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори, рече Меџити.

Тој додаде дека Инспекцијата утврдила неправилности и злоупотреби на Клиниката за кардиологија и затоа потпишал решение за разрешување на, како што рече, почитуваниот професор др. Јовев кој како доктор многу го почитува.

Поврзани новости