Албанците не се навикнати во првиот круг да гласаат за Македонец, во вториот ќе испорачаме 80.000 гласови за заедничкиот кандидат, Стево Пендаровски, изјави потпретседателот на ДУИ и шефот на изборниот штаб за поддршка на Стево Пендаровски, Изет Меџити на прес-конференција.
Тој рече дека ДУИ силно ја поддржува кандидатурата на Пендаровски бидејќи Албанците во Северна Македонија имаат потреба од претседател кој се залага за интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, Охридскиот Договор и јазичната рамноправноста а истовремено гледа партнерство во Вашингтон
Како што најави Меџити, претседателот на ДУИ, Али Ахмети утре на собир во Филхармонија ќе им ги објасни на граѓаните ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај.
Додаде дека останувањето дома на 5 мај го загрозува членството во НАТО, го загрозува датумот за преговори со ЕУ, го загрозува пријателството со Вашингтон и Брисел, и конечно ги загрозува јазичната рамноправност и Охридскиот Договор.