Меџити: Во октомври ќе се знае кои нови лекови ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување

by Fokus

Во октомври ќе се знае кои лекови ќе најдат на позитивната листа, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој рече дека листата ќе се обвновува два пати годишно во октомври и во април. Први на листата ќе бидат ставени лекови кои се најургентни и кои најмногу ги користат пациентите.

Комисијата за промена на листата на лековите, кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување, доколку има потреба и повеќе пати ќе се состанува, но одлуките ќе се носат два пати годишно.

Измени на листата на лекови кои во аптеките и при болничко лекување се покриени преку задолжителното здравствено осигурување од ФЗО, а за кои граѓаните плаќаат само партиципација, со години наназад бараат повеќе здруженија на пациенти, како и самите лекари

Поврзани новости