Владата на денешната седница даде зелено светло за отпочнување на постапките за изградба на Универзитетскиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, капитален проект од 34,5 милиони евра.
Веста на денешната прес-конференција ја соопшти , кој ја оцени оваа одлука за историска.
„Донесовме историска одлука за изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје во вредност од 34,5 милиони евра, како симбол на нашата визија за посветла иднина на младите и на нашата држава“, рече Меџити, додавајќи дека со децении, генерации сонувале за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на цел еден народ, а денес тој сон станува реалност”, рече првиот вицепремиер Изет Меџити.
Според Меџити отпочнувањето на процедурите за изградба на овој Универзитетски кампус од страна на новата Влада е повеќе од неопходно и од особено значење, историски чин за создавање на најдобри можни услови за младите и за нивното задржување во татковината.
Меџити информираше дека на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се запишани речиси 5.000 студенти на прв и втор циклус, а според него овие девојки и момчиња од цела држава кои одлучиле да ја изградат академската кариера во главниот град, можат да се пофалат со модерен кампус.