Првиот вицепремиер Изет Меџити е оптимист дека уставните измени ќе се спроведат до крајот на оваа година. Тој за КликПлус на ТВ21 изјави дека интензивно работат на придвижување на ова прашање.
„Претходните влади многу зборуваа, но ништо не направија. Помалку зборуваме и мислам дека интензивно работиме на изнаоѓање решенија и придвижување на ова прашање. Убеден сум и секојдневно работиме во оваа насока“, рече Меџити.
За Законот за јазиците,министерот за животна средина вели дека тој нема можност да се укине. Рече дека Законот треба да се унапредува бидејќи и онака не е целосен, алудирајќи на дефиницијата „најмалку 20 проценти“. Тој спомна три члена на законот, кои се во врска со униформите на полицијата и армијата, банкнотите и судските постапки.
-Доколку условно се бришат овие три члена, ќе видиме една политичка состојба за да дебатираме за закон кој ќе го унапредува албанскиот јазик, но ќе биде и во согласност со Уставот, со цел да не оставиме простор во иднина некој да го толкува како што сака. Но сакам да заокружам дека не се загрозува албанскиот јазик како службен. Тој е дел од правниот систем. Значи како што останал. Во Влада се користи, во Парламент се користи, во институциите се користи, вели Изет Меџити.