„Артан Груби во секоe негово појавување во јавноста, во недостиг на вистински факти се занимава со албанската опозиција, како државата да се води од страна на опозицијата. Всушност, опозициските партии станаа опсесија на Груби, и во недостиг на веродостојни аргументи, тој измислува видливи лаги, кои имаат сосема спротивен ефект и влијаат на подобрување на имиџот на опозициските партии“ рече Изет Меџити, лидер на партијата Демократско движење.
За Артан Груби, Меџити вели „тој лаже кога вели дека опозициските партии станале вазали на ВМРО, бидејќи така тој ја разбира политиката, како вазали, уште повеќе кога се знае дека се уште зад сцената дише неуморната љубов меѓу ДУИ и режимот на Никола Груевски“.
„Лаже кога вели дека опозициските партии ја злоупотребија посетата на премиерот Курти, лаже кога вели дека посетата на семејството Деволи, не била мешање на ДУИ во Косово, лаже кога вели дека на македонските олигарси им пречат успешните албанци во политиката, алудирајќи тука и за себе. Но, Груби рече и дека ниту еден министер на Алијансата за Албанците не ги спротивставил измените во Кривичниот законик, како што е изјавено во медиуми од претставниците на оваа партија. Значи токму Алијансата треба да каже кој всушност лаже: Груби или Алијансата!“ посочи Меџити.