Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

by Fokus

Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска беше во посета на МАНУ кадешто присуствуваше на презентацијата на нова апаратура за генетско испитување во рамки на проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.

„Денеска отвораме една нова страница од научната, образовна, здравствена сфера. Новата апаратура за генетско испитување во МАНУ како и имплементацијата на проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика“ во нашата најголема научна иституција е само показател дека како Влада сме посветени на сериозно вложување и напредок во областа на научно-истражувачки проекти, а воедно и во здравствен систем, кој се стремиме да го направиме модерен, квалитетен и достапен за сите наши граѓани“ рече Меџити.

Министерот посочи дека „оваа институција заедно со нејзините еминентни експерти, со помош на оваа нова опрема, значително ќе ја зајакне работата и ќе допринесе за огромен напредок во работењето на МАНУ. Сега со помош на најмодерната и најсофистицирана опрема, резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден со што значително се подигнува квалитетот на работата на Академијата“.

Поврзани новости