Меџити: Секој ден треба да апсиме луѓе ако гледаме кој какви знамиња става

by Fokus

Ако се водиме од тоа дека секој ден се става знаме за Кутлеш, за голема Албанија, треба секој ден да затвораме луѓе, изјави Изет Меџита по реакциите на јавноста за веењето на знамето на голема Албанија во Тетово.

На денешното Собрание на новоформираната партија Демократско движење, одговарајќи на новинарско прашање за настаните во Тетово, тој и порача на јавноста да гледа попозитивно на посетата на косовскиот премиер Курти.

„Мислам дека на оваа посета треба да се гледа позитивно, со неа се промовираат заеднички проекти како што е патот Тетово-Призрен, кој ќе ги зближи луѓето и ќе придонесе за економскиот развој, особено туризмот. Ве молам да размислувате попозитивно. Гледам дека по секоја цена сакаш да најдеш нешто. Тоа беше состанок. Не се ни случува секој ден, ја гледам и картата на огромна Македонија. Не бевме ни во општина Тетово, каде пред општинската зграда има и македонско и албанско и општинско, ако сакаме да погледнеме, да проблематизираме по секоја цена“,  Меџити

Тој рече дека примерот со улицата „Демачи“ не треба да биде проблем, оти како што појасни тој станувало збор за личност со европска вредност.

 

Поврзани новости