Првиот вицепремиер Изет Меџити на својот Фејсбук профил објави дека ВЛЕН ја добива раководната позиција во Управата за финансиско разузнавање.
Не се знае кој ќе го наследи досегашниот директор Блажо Трендафилов, но Меџити го изразува задоволството што за прв пат оваа инстутиција ќе ја раководи кадар од некоја од партиите на Албанците.
„Борбата против корупцијата започнува денеска. За прв пат партија на Албанците ќе ја предводи Управата за финансиско разузнавање. Тоа е претпоставка за нова и моќна заложба во борбата против криминалот и корупцијата. Коалицијата ВРЕДИ ја презеде оваа одговорност, решително и посветено да ја води оваа клучна институција, преку која интензивно ќе работиме на реализирање на столбот на нашата програма: борба против криминалот и корупцијата! Управата за финансиско разузнавање ќе биде нашето главно оружје во спречувањето на перење пари и други криминални активности. Таа борба ќе ја водиме транспарентно и правично. Ајде да преземеме акција“, напиша Меџити.