Министерот рече дека инвестициите во сите сегменти во здравството се врвен приоритет и дека Министерството за здравство ќе продолжи да гради одржлив и квалитетен здравствен систем за граѓаните.
Третиот меѓународен конгрес за хематологија, кој на едно место ги собра најголемите стручњаци од оваа област во Европа и е одлична можност за размена на искуства и новини од областа на хематологијата, третманот на хематолошките болести, а отвори врата и за унапредување на соработката меѓу домашните и странските лекари.
-Со поддршка на Министерството за здравство на Клиниката за хематологија беше инсталиран нов проточен цитомер, со што се унапреди и осовремени работата на Клиниката. Исто така лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката која е единствена во нашата држава, врши дијагностицирање и ги следи ефектите од терапијата и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести, изјави Меџити.