116
Mинистерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека пукањето пред тетовската болница било заради нерасчистени проблеми меѓу две групи кои случајно се нашле во дворот на болницата. Додаде дека инцидентот нема поврзаност со болницата.
„Колку што знам, информација од директорот на болницата во Тетово, двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во потешка, едниот во полесна состојба. Тие се во КАРИЛ. Другото, се ќе расчисти МВР и понатаму и обвинителството“, вели Меџити.
Доцна синоќа беа приведени четири лица за пукањето, а се трага по уште едно лице.