Меџити: Протестите за Онкологија да не се користат за дневнo-политички поени

by Fokus

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека протестите за случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребуваат и апелира протестите да не користат за дневнo-политички евтини поени и да не се користат ваквите протести затоа што го загрозуваат животот на пациентите.

„Луѓето да протестираат е загарантирано право со Уставот на Северна Македонија и мислам дека тоа е најдемократски чин. Секој има право да протестира и јас ги поддржувам ваквите протести, но гледаме со случајот Онкологија дека тоа се злоупотребува и апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протести затоа што го загрозуваат животот на пациентите“ рече Меџити.

За случајот со Онкологија, кој го води Обвинителството, Меџити очекува во најбрз можен рок да заврши истрагата и со тоа да се стави крај на неизвесноста.

„Сите информации што стигнуваат до нас, а и пациентите кои се обраќаат во Министерството ги праќаме во Обвинителството. Очекувам кога ќе има конечна одлука транспарентно да биде кажана. Ги охрабрувам на оваа неизвесност што побрзо да и се стави крај“ додаде Меџити.

На социјалните мрежи и за денеска се најавува дека ќе се организира протест со почеток во 18 часот. Како што се вели во објавата на Фејсбук на „Протест против убиството на Онкологија“, протестот ќе почне пред зградата на Владата, а ќе заврши пред Обвинителството каде што ќе се бара судска разрешница на овој случај.

 

Поврзани новости