Меџити: Пациенти шетаат по ходници и тоа не можев да го поднесам!

by Фокус

За да нема толку голем одлив на здравствен кадар, министерот Фатмир Меџити ја разгледува можноста студентите од трите медицински факултети, кога ќе стигнат до крајот, односно до шеста година, да знае каде ќе му биде идната работа.

-Затоа ќе има реорганизација и систематизација. Знаеме дека во Универзитетската Клиника „Мајка Тереза“ имаме хиперпродукција на кадар. Не ни треба толку кадар, а се вработени со миграцијата, од село во град, односно во Скопје. Ова мора да престане. Мора веднаш и да престанат партиските вработувања, секаде, не само во здравството. Ако е добар менаџер треба да остане 30 години, ако е добра главна сестра да си остане и да не се менува – вели Меџити во Топ Тема.

Дел од плановите на министерот за здравство, кој ќе ги предложи на седница на Влада, е да се спојат сите клиники во Скопје во еден Тријажен центар.

– Треба да има еден директор на цел клинички центар, како што било порано. Има заеднички служби кои се загубари и должници и не можат струјата да ја платат. Но не седев со скрстени раце, побарав донации, користејќи ги и моите лични познанства и собравме сума од некаде 500.000 евра. Сакаме да направиме Ургентен интернистички центар, како што има на Хируршки. Пациентите шетаат по ходници и тоа јас не можев да го поднесам – вели тој.

Поврзани новости