Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во гостување на Сител за проблемот со депонијата Дрисла истакна дека немањето на ограда во Дрисла прави сериозни проблеми за локалното население.
Според информациите што се добиени од терен и во комуникација со локалното население, голем број на кучиња имаат пристап до депонијата и опасниот отпад кои потоа се враќаат во селото и шират зарази.
Во оваа прилика Министерот за животна средина и просторно планирање истакна „Дрисла го опслужива Градот Скопје, но и повеќе од Скопје, речиси пола Македонија. Министерството издава интегирирана дозвола, но таа е условена. Условот е да се преземаат мерки, инвестиции, да се подигнат стандардите, да биде што помалку штетно. Прво за луѓето што живеат околу Дрисла, но и пошироко од тоа во Скопје. Тука е пречистителната станица којашто не е во функција и којашто требало да се изгради до сега. Тука е и печката во која се гори медицинскиот отпад, којшто е опасен. Само ова е инвестиција повеќе од 2 милиони евра што не би требало да е проблем за фирма како што е Дрисла.“
Во оваа прилика Министерот истакна дека пристапот на Владата е сериозен кон ова прашање и дека целта не е само казнување, туку помош од страна на Владата и преземање на одредени инвестиции со што побрзо би се дошло решенија од кои интерес би имале граѓаните.