Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска остварил средба со претставници од Здружението за цистична фиброза.
Како што информираат од МЗ, на состанокот министерот со претставниците на Здружението говореле за повеќе актуелни теми поврзани со пациентите со цистична фиброза и напорите за надминување на истите.
Минатата недела, Фондот за здравствено осигурување обезбеди дополнителни средства за лекот „трикафта“ за дополнителен број на пациенти со цистична фиброза.
Со овој дополнителен буџет значајно ќе се зголеми бројот на пациенти за кои стручна Комисија ќе одлучи дека треба да примаат терапија. За пациентите кои ќе бидат ставени на терапија со лекот „трикафта“, одлучува стручна комисијата формирана од МЗ, а одлуките се носат согласно изготвен протокол, велат од Министерството.