104
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија.
„Лапароскопската и ендоскопската опрема е набавена од Министерството за здравство во вредност од 10.5 милиони денари. Со оваа инвестиција значително се унапредува специјалноста урологија во оваа болница, а воедно се проширува опсегот на здравствени услуги кои се обезбедуваат во установата“ рече Меџити.
Министерот истакна дека изминатиот период „за установата набавивме и подвижен рентген апарат со C-рака со дигитален детектор во вкупна вредност од 7.7 милиони денари“.