Министерот за здравство, Фатмир Меџити не признава дека го нема лекот „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза.
Тој во интервју за „Макфакс“ рече дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста.
Меџити се осврна и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“. Го обвини дека прави шоу.
„Во врска со „трикафта“, кога јас дојдов верувајте немаше протокол за „трикафта“, немаше комисија за „трикафта“, немаше центар за „трикафта“. Што направивме ние, направивме комисија, направивме протоколи, го пративме на Фонд за здравствено осигурување добивме позитивно мислење од нив, еве и од Асоцијацијата на пациентите и на фамилиите со цистична фиброза деновиве имаат закажано средба кај мене, ќе дојдат ќе се договорат. Вие знаете дека пред два месеци излегуваше еден пациент и правеше шоу на телевизија“, рече Меџити во интервјуто.
На прашањето како Меџити би се чувствувал доколку имаа потреба од лек кој го нема во Македонија и е скап, министерот одговори:
„Не може пациент да одлучи дали му треба лек или не му треба лек“