54
Министерот за здравство, Фатмир Меџити нема да поднесе оставка се додека Собранието не одлучи спротивно.
„Се покажа дека ДУИ преку Артан Груби реши докрај да оди против граѓаните и здравствените работници”, рече Меџити.
Од друга страна, Управниот совет на Алијанса за Албанците предложи нов министер за здравство да биде Илир Демир, актуелен директор на тетовската Клиничка болница.
Сепак, Меџити не знае кој би можел да го наследи на функцијата.
„Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер”, рече Меџити.