1.1K
Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити ги демантираше написите во некои медиуми дека му поставил ултиматим на партискиот лидер Али Ахмети да ги острани Артан Груби и Бујар Османи од владата, бидејќи во спротивно ќе се соочел со независни советнички листи во многу општини.
-Мојот стил на делување во политиката, веќе од основањето на ДУИ во 2002, на моите пријатели и симпатизери им е познат и знаат дека овој случај не е вистинит. Демократијата не го познава ултиматумот како алатка, особено нашата партија, кадешто јас јавно сум ги изнел моите ставови, веќе познати на јавноста,“ напиша Меџити на Фејсбук.