Меџити не е заинтересиран да го наследи Ахмети во ДУИ

by Fokus

Не сум заинтересиран да бидам лидер на партијата. Не сум заинтересиран да го заменам Али Ахмети. Не работам во таа насока. За оваа Влада гласав само поради Али Ахмети и поради европските интеграции, истакна потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити.

– Дваесет години сум во оваа партија и континуирано и носам победа на партијата во местото каде што сум, немам ли право да му кажам кога некој некаде ќе згреши? Оваа Влада е формирана пред две години и оттогаш ги искажувам моите критики за оваа извршна власт и јавно пред Собранието кажав дека ќе гласам за оваа Влада само поради Али Ахмети и поради европските интеграции. Во принцип, јас бев против, гласовите на терен се собрани со Али Ахмети и оваа извршна власт не се соочуваше со граѓаните, значи нема легитимитет кај граѓанините. Исто така, оваа извршна власт ги нема поминато филтрите на партиските органи, односно во генералниот совет, рече Меџити вчера во емисијата „Клик плус“ во ТВ 21.

Поврзани новости