610
Носителот на пратеничката листа на ДУИ во првата изборна единица, Изет Меџити, на Телма најави дека ДУИ во иднина може ќе покрене иницијатива да се избира претседателот на државата во парламентот.
Меџити ова го кажа говорејќи дека на непосредни избори албански кандидат нема шанси да биде избран за шеф на државата, бидејќи, како што рече, граѓаните главно гласале по етнички клуч.
Но, додаде тој, претседателот на парламентот, па и премиерот, се бираат врз основа на поддршка од 61 пратеник, што, според него, дава можност да биде избран Албанец на една од овие две функции по пат на политички договор.
-Здраво е за државата една од трите клучни позиции да ја води Албанец – рече Меџити.