Претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај денеска го пречекал првиот вицепремиер во Македонија, Изет Меџити.
На средбата, што се одржала за време на првата официјална посета на Албанија на вицепремиерот Меџити, претседателот Бегај му честитал Меџити за новата функција и изборниот резултат, а се разговарало за соработката на сите полиња меѓу Албанија и Македонија, каде односите меѓу двете земји беа оценети како одлични, со цел континуирано проширување.
Дискусиите се фокусирале на проекти од стратешки интерес за двете земји, како што е и Коридорот 8.
„Инфраструктурното поврзување и сеопфатната соработка се приоритет на новата Влада во Скопје, каде што размената на позитивни искуства, особено на полето на странските директни инвестиции, развојот на туризмот и слободното движење на граѓаните, што е камен-темелник за стабилен развој“, рече Меџити.
Тој додаде дека друга клучна тема на разговорите била соработката во евроатлантските напори, процес кој бара континуирана координација и заедничка посветеност за исполнување на нашите стратешки цели.