Меџити на „Молитвениот појадок“ во Вашингтон: Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат

by Fokus

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, денешниот ден во Вашингтон го започна со учество на „Молитвениот појадок“, традиционален и значаен настан кој обединува политички лидери и влијателни личности од целиот свет.

На овој високорангов настан, Меџити ја истакна важноста на дијалогот и рефлексијата, како и клучната улога на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Тој нагласи дека за време на неговата посета на Вашингтон е посветен на зајакнување на врските на Северна Македонија со демократскиот свет, промовирајќи заеднички вредности и пријателство меѓу народите.

„Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме инклузивната иднина,“ изјави Меџити.

За време на неговиот престој во САД, заменик-претседателот на Владата Меџити оствари низа значајни средби, потврдувајќи ја посветеноста на Северна Македонија за продлабочување на меѓународната соработка и зајакнување на стратешките партнерства.

Поврзани новости