480
Изет Меџити од ДУИ пред почетокот на првата конститутивна седница на Централното претседателство изјави дека денеска се собрале да се подобрат, пред народот да ги подобри.
Наведе и дека повторно ќе побараат разрешување на вицепремиерот Артан Груби, како што побараа преку отвореното писмо, поради неефикасност и нереализирање на програмата.
„Во ДУИ секој пат тенденцијата беше за жестоки дебати. Да се унапредиме, да не нè подобри народот. Дури и во писмото со име и презиме кажавме дека бараме разрешување на вицепремиерот Артан Груби за неефикасност и нереализирање на програмата“, рече Меџити.