Министерот за здравство Фатмит Меџити во синоќешното гостување во вестите на Алсат говореше за актуелните случувања поврзани со Клиниката за онкологија
-Многу ми е жал за случајот со Клиниката за онкологија. Ние сме во секојдневна комуникација и со полицијата и со обвинителството. Нормално апелираме до обвинителството овој случај што побрзо да се разреши до крај како никогаш досега. Ние ја преземавме иницијативата уште пред еден месец пред да излезе во јавност случајот и го испративме таму ДСЗИ за да направи една контрола. Не случајно, јас како министер заедно со кабинетот за прв пат инициравме и полицијата и обвинителството да влезат на клиниката, за да евидентираат точно има или нема грешки во минатото. Според мои информации, тогашниот директор, специјалист става дијагноза, бара терапија и тој самиот потпишувал и ја делел терапијата, истакна министерот.
Тој информираше дека од ноември 2022 кога е разрешен директорот, дојдена е друга медицинска директорка, која со неколку други методи од јануари 2023 почнала да го развива начинот на земање терапија и како се дава на пациентите.
-Клиниката има 2 оддели кои имаат свои управувачи. Секоја среда, сите се собираат и одлучуваат точно за дијагнозата, терапијата и дозата што треба да се аплицира кај пациентите. И јас претходната недела учествував на колегиумот каде фактички тие одлучуваат за терапијата и увидов дека потранспарентно и поодговорно од ова не може да биде. Исто така по овој состанок комуницирав и со пациентите по ходниците, јас сум 23 години лекар, сум хуманист и сум го дал заветот на Хипократ и не се плашам да зборувам со пациентите, затоа што тие се мои блиски и на сите мои колеги и ве уверувам дека тие имаа многу добри мислења за своите лекари кои ги водат, посочи Меџити.
Тој потсети дека секогаш апелира, од првиот ден, сите случаи, насекаде каде има индикации за злоупотреби во здравството со аргументи да се пријават во Министерството, лично кај министерот или во останатите институции.
-Пред два месеци претставник од компанијата што го има донесено системот КАТО беше кај мене и разговаравме за да го поставиме системот во функција. Системот не функционира бидејќи бившиот директор кажал усно, нема ништо напишано дека не вреди, дека има многу трошоци за одржување на системот, но сега ние анализираме заедно со советниците и директорите да го најдеме најдобриот начин. Да го ставиме системот КАТО или да ставиме нов систем за што еднаш засекогаш точно ќе ја контролира и дозата дури во милилитри. Верувајте најзаинтересиран сум да има одговорност, тој што згрешил еднаш засекогаш да има име и презиме. Не може сите членови на лекарска комора да се стават под таков притисок. Врската помеѓу пациентите и лекарот е света. Ние имаме многу добри лекари, добри експерти. Но доколку некој згрешил тој треба да одговара, истакна министерот Меџити.