За време на официјалната посета на Република Албанија, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање реализираше средба и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро.
„И честитав на министерката за извонредниот успех што Албанија го постигна во привлекувањето странски туристи, означувајќи го ова како важен поттик во развојот на туризмот и економскиот раст, како и во позитивната промоција во меѓународните медиуми”, рече Меџити.
Тој нагласи дека овој успех е многу важно искуство за нас, кое ни помага подобро да се подготвиме за прием на туристи во текот на летната и зимската сезона.
„Земањето искуства од Албанија за привлекување странски туристи би имало значајно влијание и врз нашата земја. Затоа побарав да се продлабочи соработката меѓу двете земји, преку прекугранични проекти од заеднички интерес. Разговаравме и за животната средина и предизвиците со кои се соочуваме како две соседни земји и братските врски, особено за пожарите кои ги зафатија двете земји и предизвикаа значителни штети на шумите. Оваа состојба бара мобилизација за враќање на шумите во претходна состојба!”, рече Меџити.