Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска ја посети Клиниката за неврологија и промовираше нова медицинска опрема и реновирани специјалистичко-консултативни амбуланти. Тој притоа побара Основното јавно обвинителство да ги објави имињата на сите инволвирани во скандалот на Клиниката за Онкологија.
„Крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме затоа што ова што денеска што го гледате, овој костум и оваа кравата ме гушат. Јас овде најубаво се чувствувам тука и имам емоции. Секогаш ми прилега белиот мантил и не претпочитувам да бидам политичар. Тука ќе бидам лекар и тоа ќе останам и заедно со моите колеги и вас, ќе ги подобриме работите“ – рече Меџити.
Обвинителството отвори предистражна постапка на Клиниката за онкологија по објавата на информациите дека вработени наводно „незаконски препродаваат лекови на пациенти“.