Меџити: Кога министер ќе донесе одлука, таа не се преиспитува, проф.Јовев ја има мојата поддршка да продолжи да работи на Клиниката за кардиохирургија

by Fokus

Професорот Сашко Јовев ја има мојата потполна поддршка да продолжи да работи на Клиниката за кардиохирургија како најдобар кадар таму заедно со неговите колеги, другите кардиохирурзи, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, во одоговор на новинарско прашање дали ќе ја промени одлуката за разрешување на кариохирургот од функцијата директор на Клиниката.

„Утринското кафе денес го испивме со почитуваниот професор Јовев. Професорот ќе продолжи да работи како најдобар кадар на таа Клиника заедно со другиот стручен тим таму што е со сите други кардиохирурзи таму што се. Тој ќе се посвети повеќе на пациентите и на работата, а ја има мојата потполна поддршка како доктор и како професор во извршување на секојдневните работи во Клиниката“, изјави Меџити на прес конференцијата за сто дена од стапување на функцијата министер за здравство.

На новинарско прашање дали д-р Јовев ќе продолжи да биде директор на Клиниката за кардиохирургија, Меџити одговор:
„Не кажав дека ќе продолжи да биде директор“.

Тој рече дека на утринското кафе со д-р Јовев не разговарале за неговата понуда докторот да биде негов национален советник за кардиохирургија. На прашањето од новинарите дали сепак ќе ја преиспита одлуката за разрешување на д-р Јовев, Меџити оидговори:

„Кога министерот ќе донесе одлука таа не се преиспитува. Професорот е мој добар другар и добар колега и ќе соработуваме“, рече Меџити.

На новинарско прашање дали тоа ќе значи дека на Клиниката за кардиохирургија ќе има нов директор Меџити одговори: „Тоа ќе видиме“.
На инсистирање на новинарите дека на Клиниката во моментов нема директор Меџити повтори:

„Почитуваниот професор ја има мојата потполна поддршка како доктор како професор да ги изврши секојдневните обврски на Клиниката, во тоа сум многу јасен. Како што кажав вчера ќе повторам и денес ќе се залагам со ребалансот на буџетот да се зголеми буџетот за програмата за трансплантација и да ни биде поуспешна и да дадеме поголем поттик. Да  ја развиеме државната кардиохирургија“.

 

 

Поврзани новости