Претседателот на Демократското Движење, истовремено и носител на листа за пратеници во првата изборна единица, Изет Меџити, синоќа од Централниот митинг на Коалицијата ВЛЕН во Струга се упати со победнички говор, истакнувајќи дека Коалицијата ВЛЕН е единствената алтернатива за спас на Албанците од криминалот и корупцијата.
„Помалите заедници се мали, тие треба да бидат на власт за да им помогнат на нивната заедница. Затоа упатуваме порака дека тие ќе бидат со сицилијанскиот фронт до 8 мај, од 9 мај ќе се приклучат во победничкиот камп на Албанците, во коалицијата ВЛЕН“, истакна Меџити.
Тој исто така, додаде дека ДУИ во контуинитет ги рециклира 100-те фигури насекаде, по директорски позиции, како да немаме млади подготвени и без криминал за да ги извршат овие задачи.
„Ние ќе го ослободиме системот и ќе им дадеме шанса на младите подготвени“, рече Меџити. Меѓу другото, Коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите ја нарече коалиција на зортот, додека обединувањето на опозицијата во ВЛЕН како потреба на народот.