Денеска во просториите на Министерството за здравство беше извршено примопредавање на должноста министер за здравство. Новиот министер, Фатмир Меџити ја презеде функцијата од довчерашниот прв министер на оваа институција, Беким Сали.
„Чест ми е што сум именуван за нов министер за здравство. Денес имав продуктивна средба со поранешниот министер д-р Сали, решен сум да ја продолжиме важната работа за унапредување и заштита на здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани. Мојот фокус како министер за здравство ќе биде нашиот здравствен систем да биде достапен, ефикасен и да ги задоволува потребите на сите граѓани. Ќе работиме на промовирање здрав живот и ќе обезбедиме ресурси и поддршка за превентивна нега, така што секој ќе има можност да води поздрав живот“, рече министерот Меџити.