410
Потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити се изјасни за собирот организиран од Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, што ќе се одржи во понеделник, а на кој ќе присуствува и првио интегративец, Али Ахмети. Меџити вели дека нема да учествува на собирот, бидејќи тоа е собир организиран со притисоци врз гласачите што ги подели.
„Не сме поканети. Тоа е собир на артанисти. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, секаде“, рече потпретседателот на ДУИ Меџити.
Инаку, во понеделник во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, во 19 часот, ќе се одржи собир на ДУИ со присуство на претседателот на партијата Али Ахмети.