Изет Меџити, кој се одвои од ДУИ и почна процес на формирање на нова политичка партија, од собир во Гостивар и му испрати порака на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари да се обединат во опозицискиот фронт, за да направат, како што рече, голема промена.
Таравари, пак, во изјава за ТВ21 вели дека тој лично смета дека е време АА сама да оди на избори поради претходните горки искуства.
-Во 2017 кога излеговме од Владата и немаше 60 пратеници Владата, Алтернатива влезе во Влада, после кога ги молевме Движење Беса во 2020 година, се сеќавам на истите маси, во ист локал, седеа ААА и Беса , бидејќи не можевме да ги седнеме заедно, одев од една на друга маса да ги убедам дека треба да излеземе со заеднички листи и ако излезевме во 2020 година со заеднички листи, заедно ќе имавме 16 или 17 пратеници и ДУИ денеска ќе беше историја. Беса реши да оди со СДСМ – рече Таравари.
Тој демантираше дека АА ќе оди на избори заедно со ДУИ, во таканаречениот Европски фронт.