Меџити ги обедини Касами и Гаши: Со среќа нека ни е соработката!

by fokus

Изет Меџити кој излезе од ДУИ денеска се сретна со некогашните сопартијци, а сега лидери на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши. Тие разговарале за принципите на нивната идна соработка со која треба да ја обединат албанската опозиција во земјава.

-Почитувани граѓани, истомисленици и соработници, Како што изјавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на опозицијата во земјата. Денешната средба со г. Касами и г. Гаши во Собранието на РСМ, каде што разговаравме за принципите на нашата соработка. Нашето искрено патување продолжува! Со среќа нека ни е!, сподели Меџити на Фејсбук.

Тој најави дека ќе формира ново политичко движење за кое допрва треба да се одлучи кое име ќе го носи, а официјалното формирање ќе биде на 13 звгуст, денот на Рамковниот договор.

Поврзани новости