Потпретседателот ан ДУИ Изет Меџити кој вчера најави дека „огнената група“ ќе се одвои од партијата и ќе формира ново политичко движење, вели дека во фракцијата не се поделени, туку дека имаат различно мислење. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека вчера во Гостивар не биле Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта, бидејќи имаат различни ставови околу тоа дали треба да излезат од ДУИ.
„Овие тројца пријатели се уште мислат дека можеме да функционираме како фракција во ДУИ, а јас и другите, Висар, тие кои беа вчера во Гостивар но и во другите градови мислиме дека цената е платена, има политички жртви кои ја исплатија цената и сметаме дека сите врати во ДУИ се затворени, така да треба да отвориме нов пат и сериозно мислиме за отворање на ново политичко движење кое ќе го артикулира и ќе биде гласот на Албанците на Македонија во опозицијата“, изјави Меџити.
Различно мислење, според Меџити, во ДУИ не поминува без политички последици. Тој вечра во Гостивар по најавата дека ќе формираат нова партија именуваше координатори за тетово и Гостивар и за првата и втората изборна единица.
„Со другарите разговараме, контактираме, но имаме разлики. Кога влеговме во оваа работа, влеговме навистина а не за да играме. Ги кажавме забелешките и нашите критики за тоа што беше интуиција и за тоа што видовме дека оваа извршна власт и го губи патот на ДУИ и дека го дефокусира ДУИ од целите и идеалите. За да бидеме искрени, ниту јас ниту пријателите не сме предвиделе дека ДУИ отишла толку далеку“, изјави Меџити.