Меџити: Дојдени сме во ситуација судбината на евроинтеграциите да биде во рацете на бегалецот Никола Груевски

by Fokus

Изет Меџити – лидерот на Демократско движење за „Click Plus“ на тв21 вели дека земјата паднала на дереџе да нејзиниот пат кон Европската Унија зависи од екс премиерот и бегалец Никола Груевски.

„За жал сме дојдени во ситуација, судбината на евроинтеграциите да биде во раце на Будимпешта, на Унгарија, на Груевски. Токму за тоа во минатото, поради неинтеграција, поради немање на соработка со меѓународниот фактор, бидејќи интересите на граѓаните не беа во прв ред, дојде до тоа тој да избега од судството и сега да е во бегство. Индикативно е, ако има црна дамка во ЕУ, тоа е Унгарија, а ние баш со Унгарија сакаме Македонија да ја зачлениме во ЕУ“ – порача Меџити.

Тој вели дека има доволно аргументи за тоа, особено усвојувањето на Кривичниот законик, со кој ќе се избришат околу 70-80% од делата на Груевски.

„Ова го донесе парламентарното мнозинство, и повеќе од јасно е дека ова е инвестиција на Никола Груевски за негово враќање. Тие што му помогнаа да избега, сега му помагаат да се врати, но да се врати како херој“, додава Меџити.

Поврзани новости