Бујар Османи не треба да се грижи, бидејќи новата влада без ДУИ ќе биде влада од две мнозинства, стои во пораката на Изет Меџити, еден од лидерите на албанската опизиција ВЛЕН до Бујар Османи од ДУИ.
-Албанското мнозинство на овие избори го претставува коалицијата ВЛЕН, а не мултиетничката коалиција „Европски фронт“. Затоа, не манипулирајте со мислењето, и уште поважно, не заканувајте се, бидејќи заканите не се јазик на европските политичари.
Ако Османи смета дека треба детално да го објаснам мајскиот договор, подготвен сум ова да го направам во секое време. За разлика од него, кој во тоа време имаше кариера како хирург, јас блокирав раскрсници, протестирав и се судрив со неговиот омилен политичар од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски – порача Меџити.
Според него, идната реформска влада со целосен 4-годишен мандат ќе биде стабилна со над 70 пратеници, со мнозинство Бадентер, без ДУИ и без Левица.