Меџити до Бујар Османи: Дали службено или приватно се сретна со Груевски?

by Фокус

Поранешниот функционер на ДУИ Изет Меџити, кој по несогласувањата со партиското раководство формираше нова партија – Демократско движење, го праша министерот за надворешни работи Бујар Османи дали се сретнал со Никола Груевски во Бидумпешта.

„Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски“, праша Меџити.

Поврзани новости