82
Балансерот со кој, според Изет Меџити, многу Македонци станале Албанци за да се вработат, ќе се замени со Законот за правична застапеност. Тоа значи дека балансерот нема да се укине, туку како што рече Меџити, ќе се уреди со закон и преетставува законска обрска.
„Тоа ќе биде направено за правичната застапеност да стане законска обврска, а не да остане механизам за политичко пазарење како што беше досега. Овде сакам да разјаснам, и внимателно слушнете ме: ниту еден Иван, посебно не Иван Стоиљковиќ, никогаш нема може да ги промени фактите“, истакна Меџити, лидер на Демократското движење, но и иден, како што посочи, прв вицепремиер и министер за животна средина.