Шефицата на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сања Меденица, во утринската програма на ТВЦГ изјави дека епидемиолошката состојба во земјата е многу сериозна, дека локалното пренесување е големо и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките што можат да го спречат ширењето коронавирус.
-Зголемувањето на бројката не е неочекувано, оваа моментална состојба го покажува нашето однесување од пред 10 до 15 дена. Нашите колеги ни кажаа дека граѓаните слабо се придржуваат до мерките и тоа се покажува сега, рече таа.
Зголемен е бројот на заразени лица, посочува таа, и тоа ќе го има и во иднина, бидејќи последиците од сегашното однесување се очекуваат за две недели.
Меденица вели дека мерките за превенција се дискутираат седум месеци и дека овие препорачани мерки треба да се почитуваат.
-Тоа е мало, но ефикасно оружје и дава големи резултати и кај нас и во светот. Се уште нема вакцина и тоа е единствената мерка, рече таа.
Ако има преклопување на сезонски и коронавирус, Меденица вели дека сите треба да бидат подготвени за тоа.
-Самиот грип е непредвидлив, од октомври до април, и ние следиме сè, но може да се појави во секое време. Може да се случи преклопување, но имаме вакцина против грип, а сè уште не и за коронавирус, рече таа.