Медали за македонските спортисти на Специјалната олимпијада во Берлин

by fokus

Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.

– Олимписка бронза за сто метри пливање слободен стил. Честитки за нашиот атлет Марио Мицковски и за тренерот Игор Димовски за постигнатиот успех. Преку спортот демонстрираме како со поддршка, пријателство и дружење заедно сме непобедливи, соопшти денеска Специјалната олимпијада на Северна Македонија на својата фејсбук страна.

Претходно, на Специјалната олимпијада, Агрон Хајредини освои златен медал во дисциплината „скок во далечина“, а во категоријата 100 метри грбно сребрен медал освои Стефан Трпковски.

 

Поврзани новости