Во дворот на екс-пратеникот од СДСМ, Латиф Пајкоски во селото Жировница во Општина Маврово-Ростуше дошла мечка.
Тој преку социјалните мрежи порачува дека не им преостанува ништо друго на граѓаните освен да се самоорганизираат со цел да се спречи некој да настрада. Тој алудира на законот кој ги штити мечките од убивање, но и на неодамнешниот инцидент во овој крај кога граѓани соочени со диви ѕверови во самоодбрана убиле две од нив.
„Синоќа околу 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате за да го заштите населението, повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со сѐ што располагаме. Нека ова биде и едно од последните укажувања”, пишува Пајкоски.