Мечка нападнала седум годишно момче во Њујорк, веднаш реагирале родителите

by Fokus

Локалните власти соопштија дека седумгодишно момче било нападнато од мечка во семејниот двор во округот Вестчестер, Њујорк. За среќа момчето завршило со полесни повреди.

Родителите на момчето биле дома и веднаш реагирале и поради повреди го однеле детето во болница, пренесува „Мирор“.

Полицијата го зеде младенчето на мечката и го предаде на Одделот за заштита на животната средина на државата Њујорк. Животното потоа било пренесено во Одделот за здравство во округот Вестчестер за тестирање на беснило.

Граѓаните велат дека знаат дека има многу мечки на тој простор. Жителката Џенет Бејтс рече дека се плаши од најлошото кога ги носи своите деца и миленичиња надвор.

 

Поврзани новости